Овој Велигден го прославивме на еден посебен начин – со незаборавна тура во срцето на античка Атина! Нашата група имаше привилегија да го доживее овој празник опкружена со историја, култура и медитеранска магија

Го посетивме импозантниот Акропол и зачекоривме во минатото под сенката на Партенон. Преку шармантните улички на Плака се спуштивме до плоштадот Синтагма, каде што сведочевме на свеченото сменување на гардата – посебно доживување во празнична атмосфера.
После организираната тура, имавме време за прошетка, кафе и празничен ручек во традиционални грчки таверни, каде вкусовите на Велигден оживеаја преку јагнешко месо, црвени јајца и топла добредојденост од домаќините.

Благодарност до сите патници што го избраа овој ден да патуваат со нас. Вие ја направивте оваа тура посебна – со насмевки, позитивна енергија и пријателства што ќе траат.
Со нетрпение ги очекуваме следните празнични авантури!