Уште една незаборавна прошетка зад нас!
Овој Велигден ја реализиравме еднодневната тура во прекрасниот Котор, и можеме со сигурност да кажеме – беше магично! Стариот град не пречека со својата автентична атмосфера, историја на секој чекор и топол медитерански дух.
Уживаме во прошетките низ калдрмисаните улички, го откривме шармот на катедралата „Св. Трифун“, се искачивме до тврдината со спектакуларен поглед и се освеживме со кафе покрај море

Благодарност до сите што беа дел од ова патување – вашата насмевка и позитивна енергија го направија денот посебен!
Следат нови дестинации, нови авантури и уште многу убави моменти заедно со УНИ – ТРАВЕЛ !