Овој викенд го исполнивме со емоции, природа и историја – заедно со нашите патници ја реализиравме прекрасната тура во живописното Крушево, каде што секој чекор носеше нова приказна.
Патувањето започна со возбудливо возење кон највисокиот град во Македонија, каде не пречека свеж планински воздух и гостопримливи луѓе !

Првата станица беше Спомен-куќата на Тоше Проески, каде што се потсетивме на неговата бескрајна добрина, музика и харизма. Многумина од патниците се емотивно поврзаа со изложбата, која уште еднаш нè потсети зошто Тоше останува засекогаш во нашите срца.
Следеше возење со жичарата над Крушево, од каде се отвораше спектакуларен поглед кон планинските предели – совршен момент за фотографии и уживање во тишината на природата

За крај, го посетивме и Крушевскиот Споменик – Илинден, симболот на слободата и македонската борба. Нашите патници имаа можност да ја чујат историјата што го обликувала овој крај, додека се восхитуваа на уникатната архитектура.


Турата помина во прекрасна атмосфера, со музика, пеење, насмевки, нови пријателства и многу фотографии за спомени. Благодарност до сите што беа дел од ова незаборавно патување!